Македонија
16. August 2016 - 11:38

Парична донација за поплавените од Здружението на пензионери од Кавадарци

Здружението на пензионери од Кавадарци издвои педесет илјади денари за настраданите семејства од големото невреме во Скопско.     

- Со ова сакаме да ја покажеме хуманоста на лицата од третата доба. Се надеваме дека овој наш мал придонес заедно со останатата помош до поплавените семејства, ќе придонесат за ублажување на последиците од елементарната непогода, рече денеска Ристо Анѓушев, претседател на Извршниот одбор на Здружението.

Здружението на пензионери од Кавадарци брои околу шест илјади пензионери од кавадаречката и росоманската општина.