Бизнис
31. October 2015 - 17:25

Пари има на село, кој знае и гледа може добро да живее од аграр

Петчленото семејство Илиевски од тетовско Фалише 10 години егзистира само  од земјоделие и сточарство. Така ја гледааат и нивната иднина, а велат дека ќе биде можно со оглед на постојаната државна помош со субвенции како и обезбедувањето механизација преку различните владини програми.
 
-На пример годинава зедовме трактор Дојч-Варт со 80 коњски сили. Со помош на Владата од пред седум осум години досега имам земено балирача, пумпа за прскање, пумпа за молзење, вртелешка. Се во вкупна вредност од 15 илјади евра негде. Средствата треба да ги уплатиш цела сума, да поднесеш документи дека си регистриран па после ти враќаат 55 насто, вели Драган Илиевски. 
 
Седум хектари земјоделско земјиште обработуваат членовите на семејството Илиевски. Најмногу компири, но друго како како пченка, карфиол, домати. Одгледуваат и добиток. 
 
-Од 2005 сум регистриран како земјоделец . Сите пет члена од земјоделска дејност егзистираме никој не е вработен на друго место, вели Илиевски. 
 
Драган Илиевски годинава по повод денот на општина Тетово 3 март беше добитник на наградата за придонес за развој на земјоделството.