Паралелно пребројување на парламентарните избори во Бугарија покажа дека победи владејачката ГЕРБ
Податоците се земени од паралелно пребројување на 100 отсто од на двете добро познати бугарски социолошки агенции Галуп и 95,8 отсто од Тренд, соодветно. Двете агенции, како што јави дописникот на МИА од Софија, покажуваат дека коалицијата ГЕРБ / СДС победи на парламентарните избори во Бугарија.
Податоците на Агенцијата Тренд ги покажуваат следниве резултати: ГЕРБ-СДС – 25,5%, „Има таков народ” – 17,2%, БСП – 15,0%, ДПС – 10,8%, „Демократска Бугарија” – 9,0%, „Исправи се! Мутри, излези! ” – 5,1%, ВМРО – 3,7%.
Според Тренд, одѕивот на парламентарните избори во Бугарија беше 47 отсто од оние со право на глас во земјата.
Според повеќето аналитичари, формирањето на новата бугарска влада изгледа многу комплицирано. Премиерот и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов на полноќ даде изјава на својот Фејсбук профил, предлагајќи да се здружат силите и да се создаде експертска влада до декември 2021 година за справување со ситуацијата со ковид-19 во Бугарија.
Партијата на Слави Трифонов, како втора политичка сила во Бугарија, објави дека нема да коалицира со партиите од статус кво состојбата во земјата. Официјалните резултати од парламентарните избори во Бугарија, Централната изборна комисија ќе ги објави најдоцна до 7 април.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот