Македонија
4. December 2018 - 16:31

Парадокси на правната и социјална држава

На 17ти Октомври 1997 година Слацица и Радослав од својот дом тргнале кон центарот на Скопје да ги завршат своите секојдневни обврски, но наместо со јавен превоз нивниот сосед се понудил да ги однесе.

Тогаш тие не биле свесни дека ова патување целосно ќе им го промени животот.

- Што се случи откако влеговте во автомобилот на вашиот сосед?

- По кратко патување шоферот изгуби контрола над возилото и овде се случи сообраќајна несреќа во која од четворицата патници Радослав беше најповреден.

Од повредите дојде до паркинсонова болест и по 13 години почина, вели Славица. 

Но, ниту смртта на Радослав не значела крај за маките на Славица. Од овде стартува нова битка со институциите и системот. Само еден месец по погребот ги собрала потребните документи и го поденела барањето за да ја наследи неговата пенизја, оти 13 години се грижела за него додека ја водел битката за живот. 

- Тогаш ми рекоа дека никогаш нема да ја добијам неговата пензија. На тој ден се сменил законот и јас не можам да ја наследам оти немав наполнето 45 години за неколку месеци.

На денот на неговата смрт важеше друг закон и со тој закон можев да ја наследам пензијата, вели Славица. 

Таа се труди да обезбеди средства за живот.

Секој момент го користи за да изади денар повеке за живот. Во скромниот дом кој и останал од сопругот секојдневно ги превртува решенијата, молбите и поднесените ургенции.

Но се уште нема одговор од управниот суд на последната тужба. 

- Нема врата на која не сум тропнала, нема човек на кого не сум го кажала мојот проблем, вели Славица.

Славица и по сето она кое го доживеала вели дека од битката за првада нема да се откаже. 

- Ова не е битка само за мене, ова е битка и за мојата ќерка и за мојата снаа, секоја жена треба да биде почитувана, вели Славица.