Македонија
10. October 2015 - 9:18

Парада и концерт на Градскиот дувачки оркестар

Град Скопје во соработка со Младинскиот културен центар денеска на пладне, на плоштадот „Македонија“, ќе организира парада и концерт на Градскиот дувачки оркестар на кои ќе бидат промовирани новите униформи на оркестарот.

Доколку  временските услови се неповолни и не дозволуваат настапот на Градскиот дувачки оркестар да се одржи на отворено, настанот ќе се одржи во Градскиот трговски центар, информираат од Град Скопје.