Живот
2. May 2018 - 22:38

Пар добил 14. син, а сакале девојче - името кое му го дадоа ја насмеа цела планета

Брачен пар од сојузната американска држава Мичиген кои имаат 13 сина, на 14 април добиле принова – уште еден син.

За новороденчето смислиле сосема посебно име - Финли Шибојген (She-boy-gan). Финли во Америка е често име, но она што е интересно е потеклото на Шибојген, кое потекнува од стара индијанска приказна за поглавар, која Џеј ја слушнал.

Имено, племенскиот лидер имал голем број синови, а за последнот бил сигурен дека ќе биде девојче. Меѓутоа, поглаварот повторно добил син и му го дал името Шибојген, што е кратенка од She-boy-gan, во превод „Таа е повторно момче“.

Локалниот лист Гранд Репидс Прес јавува дека новото бебе на Џеј и Катери Швад родена е навечер пет дена пред терминот, додека други новини наведуваат дека новороденото машко дете е тешко околу 3,7 килограми и долго 53 сантиметри.

Таткото Џеј Швад кој пријателите го нарекуваат "мајстор за машки деца", рекол дека е среќен и дека мајката и бебето се добро. 

Кетри Швад рекла дека навикната е на големо семејство бидејќи и самата е од семејство со 14 деца