Свет
2. December 2015 - 21:29

Папата призна дека е грешник

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, призна дека е грешник.

- Јас сум грешник, се чувствувам грешен, со сигурност сум таков. Дури сега дозволувам грешки и извршувам гревови, рече Франциско за ватиканскиот неделник „Кредере“.

Тоа признание можеби е неочекувано за личност која по претпоставка е непогрешлива, меѓутоа, според католичката теологија, меѓутоа, таа непогрешливост се однесува само за верата и моралот, проповедани од папата, а не за се што тој може да каже или да напише.

Папата Франциско исто така повика за „револуција на нежноста“, со оглед на информациите за насилства и ѕверства во светот.