Свет
5. September 2015 - 14:53

Папата предизвикал хаос во Рим!

Папата Франциск излегол да ги замени очилата во една оптика во Рим и предизвикал општ хаос на улиците во градот.
 
Иако оптичарите обично му ги доставуваат новите очила на папата, овој пат тој инсистирал сам да дојде и да ги избере оние кои му одговараат.
 
Пред оптиката се собрале голем број луѓе кои со телефоните го фотографирале и снимале папата, кој во оптиката се задржал околу еден час и инсистирал да плати.