Папата повика на политички дијалог во Европа
Христијаните можат да играат важна улога во креирањето на иднината на Европа, доколку го промовираат и поддржуваат дијалогот, особено таму каде што тој е загрозен и каде може да надвладеат конфликтите, изјави денеска поглаварот на Католичката црква, папата Франциско.
Пораката на римскиот понтиф доаѓа само еден ден по одлуката на каталонскиот регионален Парламент за прогласување еднострана независност на Каталонија од Шпанија, како и во време на криза во преговорите меѓу Брисел и Лондон околу договорот за Брегзит.
Во обраќање на собир посветен на иднината не Европа, организиран од Комисијата на бискупската конфернеција на европската заедница, папата оцени дека политиката наместо да промовира дијалог, прераснува во „форум на судири меѓу спротивставените сили“.
- Гласот на дијалогот го заменија повици на претензии и барања. Екстремистичките и популистички групи најдоа плодна почва во многу земји, претворајќи ги протестите во клучен елемент на нивната политичка порака, без да понудат алтернатива на конструктивните политички предлози, порача папата во обраќањето насловено „Да се биде душата на Европа“.
Папата оцени дека европските политички лидери треба да дозволат влез на мигранти во Европа и да им помогнат да се интегрираат во општеството преку регулиран процес, како и да манифестираат солидарност, пред се кон младите луѓе, меѓу кои поголемиот дел „се збунети, оттргнати од своите корени и без перспектива“ и да помогнат во искористувањето на нивните економски потенцијали.
- Европа треба да биде инклузивна заедница, во која ќе се ценат разликите и тие ќе се прифаќаат како заеднички извор на богатство. Од таа гледна точка мигрантите повеќе претставуваат ресурс, отколку товар, порача папата Франциско во обраќањето на форумот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка