Свет
5. July 2020 - 15:52

Папата ги поздрави напорите на СБ на ОН за воспоставување примирје

Папата Франциско ги поздрави денеска напорите на Советот за безбедност на ОН да се воспостави примирје низ светот, со цел државите подобро да се изборат со пандемијата на новиот коронавирус.

Тој во обраќањето пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан истакна дека е неопходен прекин на судирите.

– Го поздравувам повикот за глобален и непосреден прекин на огнот, што ќе овозможи мир и безбедност, кои се неопходни за давање хуманитарна помош, која е итно потребна, нагласи поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата изрази надеж дека таа одлука ќе биде брзо спроведена „во име на мнозинството луѓе кои страдаат“.