Свет
13. May 2017 - 19:29

Папата ги канонизира овчарчињата од Фатима на кои им се јавила Богородица

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск   во португалското место Фатима за свети  ги прогласи двете овчарчиња на коишто таму пред стотина години им се јавила Богородица.Околу 400.000 верници од целиот свет  го дочекаа папата Франциск  на големото плато пред базиликата Богородица Фатимска. Папата Францис повика  да  се уриваат ѕидовите меѓу луѓето и  да се молат за ставање крај на војните.Вчера папата беше во капелата на укажанието, подигнато  пред пештерата Кова да Ириа, местото на коешто  Богородица првпат се прикажала на 13 мај 1917 година.

Според преданијата трите  овчарчиња, братот и сестрата – седумгодишната Жасинта и деветгодишниот Франсиско, и  десетгодишната Лусија Сантуш,  од 13 мај до 13 октомври вкупно шест пати ја виделе Богородица.Таа со нив споделила три тајни пророштва за XX век. Фатима  со седум милиони посетители годишно, е третото најпосетувано ткн маријанско светилиште во светот.