Папата Франциско повика на „итен прекин на огнот“ во Сирија
Папата Франциско денеска повика на „итен прекин на огнот“ во Сирија, кој би траел најмалку додека не бидат евакуирани жителите, а посебно децата, кои страдаат од бомбардирањата.
- Не е во ред да се одложува. Со тоа чувство го повторувам мојот повик. Ги молам одговорните лица со сите сили да обезбедат итен прекин на огнот, да го воведат и тој да се почитува, барем додека не бидат евакуирани цивилите, пред се децата, кои се уште се заробени поради крвавите бомбардирања, нагласи папата.
Пред илјадници верници, кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, папата ја истакна својата „блискост со сите жртвите на нехуманиот конфликт во Сирија“.
При постојаните бомбандирања на деловите на градот Алепо, што се под контрола на бунтовниците, само вчера загинаа 25 цивили.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата