Свет
10. March 2020 - 11:18

Папата Франциск: Свештениците да имаат храброст и да ги посетат заболените од коронавирус

Папата Франциск денеска ги повика католичките свештеници да „имаат храброст да излезат и да ги посетат“ оние кои се заболени од новиот коронавирус.

– Да се молиме на Бога и за нашите свештеници, да имаат храброст да излезат и да ги посетуваат болните… и да придружуваат медицински персонал и волонтери во работата што ја вршат, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата Франциск ги откажа сите состаноци во петокот минатата недела, поради здравствени проблеми од кои брзо закрепна.