Свет
3. March 2020 - 12:11

Папата Франциск негативен на новиот коронавирус

Папата Франциск, кој веќе неколку дена откажува одредени активности поради настинка, не е заразен со новиот коронавирус, објави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни немаше коментар за наводите на весникот.

Папата е тестиран за коронавирус, бидејќи неговата настинка не поминува со денови, има треска и кашлица.

Тој  кашлаше пред пет дена за време на миса, по што се ракуваше со десетици луѓе на плоштадот Свети Петар.

Во меѓувреме, тој откажа некои аудиенции за да се опорави.