Свет
28. February 2021 - 17:49

Папата Франциск го осуди киднапирањето на 317 девојчиња во Нигерија

Папата Франциск денеска, по молитвата Ангелус во Св. Петар во Ватикан, го осуди „грозоморното киднапирање“ на 317 нигериски ученички.

– Драги браќа и сестри, им се придружувам на нигериските бискупи во осудата на грозоморното киднапирање на 317 млади девојки, рече папата пред илјадници верници.

– Да се ​​молиме за овие млади девојки што побрзо да се вратат дома, ги повика Франциск верниците.

Неидентификувани напаѓачи киднапираа 317 девојчиња на училишна возраст од градот Јангебе во северозападна Нигерија во петокот, второ киднапирање деца за нешто повеќе од една недела. Околу педесетина ученици успеаја да избегаат.

Ова е последно во низата киднапирања на деца на училишна возраст во централна и северозападна Нигерија.