-->
-->
Папата Франциск го осуди киднапирањето на 317 девојчиња во Нигерија
-->
Папата Франциск денеска, по молитвата Ангелус во Св. Петар во Ватикан, го осуди „грозоморното киднапирање“ на 317 нигериски ученички.
– Драги браќа и сестри, им се придружувам на нигериските бискупи во осудата на грозоморното киднапирање на 317 млади девојки, рече папата пред илјадници верници.
– Да се молиме за овие млади девојки што побрзо да се вратат дома, ги повика Франциск верниците.
Неидентификувани напаѓачи киднапираа 317 девојчиња на училишна возраст од градот Јангебе во северозападна Нигерија во петокот, второ киднапирање деца за нешто повеќе од една недела. Околу педесетина ученици успеаја да избегаат.
Ова е последно во низата киднапирања на деца на училишна возраст во централна и северозападна Нигерија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јавниот превоз во Скопје викендов до 20 часот
-
Османи: Односите на Скопје и Приштина добар пример за регионот кој сè уште е соочен со бројни предизвици
-
Џафери: Јас поднесов список со сите пратеници, а секој ќе одлучи дали ќе прими вакцина или не
-
Димитров: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан се интегрално поврзани со безбедноста и стабилноста на ЕУ
-
Вкупно 24 лица го прекршиле полицискиот час
-
163 сообраќајни прекршоци во Скопје - 73 за брзо возење
-
Гејтс: Можеме да видиме дека доаѓа крајот на пандемијата
-
Зголемен бројот на луѓе каснати од бездомни кучиња во Тетово, во трите месеци од 2021 речиси колку во цела 2020 година