Живот
15. July 2017 - 12:05

Папата Францис остави порака на врата од станот - Не кукајте

Папата Францис остави порака на влезната врата од својот скромен стан во Ватикан, со текст: - НЕ КУКАЈТЕ.

На италијански јазик и букви во црвено-сина боја пишува дека „прекршителите страдаат од синдром на постојано чувство на жртва како и од недостиг од хумор и способност за решавање на проблеми“.

Фотографијата е објавена на интернет страницата Ватикан Инсајдер, а јапотврди и уредникот Андреа Торинели, новинар близок до папата Францис.

„Казната се зголемува ако прекршокот се направи во присутност на деца. За да извлечете најдобро од себе, фокусирајте се на својот потенцијал, а не на своите ограничувања“, пишува во текстот.

И, на крајот порака : - Престанете да кукате и подобрете го својот живот.  зш/11:32