Живот
22. December 2017 - 19:42

Папата доби подарок кој може да се види само со микроскоп - никогаш нема да погодите што е

Папата Францис добил од Литванија подарок за Божиќ, што не може да се види со голо око, и преставува раѓањето на Исус Христос, на кое бебето Исус е помало од човечката клетка.
 
Претседателот на Литванија, Далија Грибаускајте, денеска низ микросокоп погледна за да ја види репликата на лулката на плоштадот во Катедралата во Вилнус - копија од сцената на Исусовото раѓање што на почетокот на месецов му ја дадоа литванските дипломати на папата Францис.
 
Според нејзините зборови, потребни им биле три месеци за литвански научници и студенти да ја направат минијатурен кревет  со помош на 3D лулка со природна големина, намалувајќи ја 10.000 пати.