Папахристопулос: И да не постоеше ПЈРМ, ќе требаше да ја измислиме
Само добро може да и понуди на Грција соседната земја и да не постоеше, ќе требаше да ја измислиме, рече пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос кој е со непроменет став во однос на Договорот од Преспа и индиректно, во неговиот говор во грчкиот Парламент, потврди дека ќе гласа за ратификацијата, јави дописничката на МИА од Атина.
-Се смеат во Европа. Ви го кажувам тоа директно. Дали ПЈРМ е закана за Грција? Се смеат тие што го слушаат. Земја која, речиси нема војска и има 7 отсто од грчкиот БДП. Нејзината поделба ја сакаат за Голема Албанија и Голема Турција. Моето мислење е и да не постоеше ПЈРМ ќе требаше да ја измислиме. Само добро има да и понуди на земјата. А оваа Влада, која ја отфрли можноста за неактивност, има храброст, рече Папахристопулос.
Тој, во обраќањето порача дека не треба да се заборави дека „буквата „М“ во ПЈРМ значи Македонија, бидејќи некои се преправаат дека не го знаат или не го слушаат тоа“.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот