Пападимулис: Сигурен сум дека грчкиот Парламент ќе го ратификува Договорот од Преспа
Сигурен сум дека ќе има мнозинство во грчкиот Парламент што ќе гласа за Договорот од Преспа, изјави денеска потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимуилис, на прес-конференција по завршување на Мешовитиот парламентарен комитет МК-ЕУ во Собранието на Република Македонија.
- Немам никакви сомневања, сигурен сум, доколку вашата држава го ратификува Преспанскиот договор и за тоа ги направи сите потребни уставни измени како што се договоривме, тогаш грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот, рече Пападимуилис.
Посочи дека очекува Договорот од Преспа да биде ратификуван од страна на грчкиот Парламент во март идната година.
Мешовитиот парламентарен комитет МК-ЕУ вчера и денеска го одржа својот 15. состанок под заедничко претседавање на Алојз Петерле, европратеник од Словенија и Горан Милевски, пратеник и претседател на ЛДП
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд