Македонија
20. September 2018 - 17:12

Пападимулис: Сигурен сум дека грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот од Преспа

Не дојдовме да посредуваме и да кажуваме дали да се гласа „за“ или „пртотив“, туку за да дадеме поддршка во европската перспектива на државата. Од средбите со власта и опозицијата добивме впечаток дека сите имаат заедничка цел – државата да стане членка на Европската унија и НАТО алијансата. Ова е пораката на европратениците Алјоз Петерле и Димитрос Пападимулис кои кои претседаваа со мешвиотиот парламентарен комитет меѓу македонското Собрание и Европскиот парламент изминтиве два дена во Скопје.  

За Пападимулис кој е грчки европратеник не постои опција грчкиот парламент да не ја ратифкува спогодба дколку македонската страна ги исполни свите обврски за целосна ратификација и ги направи потребните уставни измени.

Мешовитиот комитет на завршната сесија успеал да дефинира 27 точки  задолженија на кои треба да се фокусира државата во наредниот период. Меѓу препораките кои стигнуваат од европскиот паралемент е потребата да продолжи со работа Специјалното јавно обивнителство, потоа се бара Собранието да ја заврши рреформата на безбедносните служби, но и да врши постојан надзор врз следењето на комуникациите. Мешовитиот комитет ја повикува Влада да спроведе попис на населението во согласност со европските стандарди. Европратениците се загрижени и за лошиот квалитет на воздухот во Скопје и другите градови што предизвикува илјадници смртни случаи.