Пападимулис е оптимист дека Преспанскиот договор ќе биде комплетиран
Во изјава за МИА, грчкиот европратеникот од Сириза, Димитриос Пападимулис, по средбата со македонскиот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски, изрази увереност дека Преспанскиот договор ќе биде усвоен во двете земји.
-Нашата дискусија се разви околу настаните во врска со односите на нашите две земји и генералната ситуација на Балканот. Заедничка точка е потребата, но и оптимизмот, ако не и извесноста, дека Преспанскиот договор ќе биде комплетиран, прво во ПЈРМ во јануари, а потоа во Грција, бидејќи двете страни ја имаат потребната политичка волја. Ова ќе ги зајакне билатералните односи и ќе даде нов поттик за регионалната соработка и развојот во југоисточна Европа, изјави Пападимулис за МИА.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, тој смета дека овој договор ќе биде од корист за цела Европа.
-Соработката на повеќе нивоа помеѓу двете земји во економијата, инфраструктурата, претприемаштвото, туризмот, културата ќе донесат опипливи резултати и ќе биде пример за соработка и помирување за целиот регион и цела Европа, вели Пападимулис.
За него е важно што ЕУ сака да го забрза европскиот пат за земјите од регионот.
-Билатералните односи постојано се подобруваат во нашите земји и интересот на ЕУ да го забрза европскиот тек на земјите кандидати носи нова динамика за регионот. Грција, која излегува од тешка економска криза, покажа дека е столб на стабилност и раст во регионот, рече европратеникот Папдимулис.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица