Свет
3. December 2017 - 13:53

Папа Франциско: Поседувањето нуклеарно роужје е ирационално

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско изјави дека поседувањето нуклеарно оружје сега е „ирационално“.

Папата рече дека со поседување нуклеарно оружје се ризикува „уништување на човештвото или барем негов голем дел“.

Тој додаде дека како папа поставува прашање „дали денес е легитимно нуклеарното оружје такво какво што е“ или е поважно да се сочува човештвото.

Папата вчера заврши со азиска турнеја со посета на сиропиталиште и дом за лица со посебни потреби и разговори со свештеници во Бангладеш.