Свет
26. September 2021 - 14:36

Папа Франциск: Не ги затворајте вратите за мигрантите

За време на неделната проповед, папата Франциск повика да се прифатат мигрантите и да не им се ускратува надежта, истакнувајќи дека „секое затворање води кон диктатура и насилство“.

-Секое затворање и изолација, отстранување на оние што мислат поинаку од нас, доведува до екстремни позиции, што води до диктатура и насилство. Тоа се корените на многу зла во историјата, истакна папата.

-Денеска е Светски ден на мигрантите и бегалците. Треба да бидеме сплотени, без предрасуди, страв, да се грижиме за слабите, мигрантите, бегалците, жртвите на трговија со луѓе. Мора да изградиме поотворен свет во кој никој не е исклучен, нагласи поглаварот на Римокатоличката црква.