Свет
25. December 2015 - 8:49

Папа Францис: Нашиот живот треба да биде исполнет со милосрдност и емпатија

Папата Францис ја одржа полноќната божиќна миса во базиликата Свети Петар во Рим пред верниците од целиот свет.

- Во културата на индиферентност која често станува немилосрдна, нашиот стил на живот треба да биде исполнет со милосрдноста, сочувство, емпатија која секојдневно ја обновуваме и полниме на изворот на молитвите, изјави папата.

Тој посочи дека во светот „опиен“ од потрошувачката, луксузот и нарцисоидноста доаѓањето нa Христос на Божик потсетува на скромност и сфаќање на значењето на тоа што е суштинско.

Христијанските верници претходно во Витлеем ја одбележаа Бадниковата вечер во родното место на Христос.