Свет
25. October 2015 - 17:14

Папа Францис: Црквата не ги занемарува имигрантите, кои одат по патиштата кон Европа

Црквата не ги занемарува имигрантите, кои одат по патиштата кон Европа, изјави денеска папата Францис, за време на неделната богослужба.

Поглаварот на Римокатоличката црква истакна дека судбината на имигрантите било едно од најголемите грижи на синодот, посветен на семејствата, што заврши вчера во Ватикан.

За време на синодот, патријарси од Истокот, поконкретно од Ирак, Сирија и Либан, ставија акцент врз актуелните трагедии на Блискиот Исток и на луѓето, кои масовно бегаат од една во друга земја. 

Тие ги критикуваа Европејците, дека го забораваат сето тоа во името на политичките сметки и пазарења.