ПАОК без казна од УЕФА
Навивачите на ПАОК, кои во првиот натпревар од шеснаесетинафиналето против Шалке (0:3) одигран во Солун, истакнаа парола со политичка содржина со која ја „присвоија“ Македонија, но УЕФА иака строго забранува политички пароли на фудбалски натпревари не го казни грчкиот клуб.
Пракса на УЕФА е да ги казнува клубовите кога навивачите ќе истакнат пароли со политичка содржани, па поради тоа е нејасно зошто од европската куќа на фудбалот не го казнија ПАОК за политичката парола која речиси цело полувреме стоеше на една од трибините на натпреварот со Шалке.
За разлика од националистите од ПАОК УЕФА со по 60.000 евра ги казни Динамо Киев и Бешикташ поради инцидентите на натпреварот кои двата тима го одиграа во Киев, во рамките на фазата по групи во Лигата на шампиони.
Исто така, УЕФА покрена дисциплинска постапка против Ростов, чии навивачи на дуелот во Прага против Спарта користеле пиротехника.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците