Loading Video...
Спорт плус
11. February 2019 - 16:55

Пантуро нов светски првак во алпска комбинација

На СП во алпско скијање што се одржува во шведскиот ски-центар Оре денеска на програмата беше машката комбинација 
 
Алексис Пантуро од Франција е новиот светски шампион во алпска комбинација. 
 
Откако во спуст трката имаше 24-ти резултат, со дури 1,52.секунди послабо време од Италијанецот, Доминик парис, сепак во слалом Пантуро беше неверојатен, па со вкупно време од 1:47.71.минути стигна до златото. 
 
Среброто му припадна на Словенецот, Стефан Халадин кој имаше заостанување од 24.стотинки, додека трето рангираниот Марко Шварц од Австрија имаше 46.стотинки послабо вкупно време. 
 
За Французинот, Пантуро ова е второ Мундијалско најсјајно одличие  откако пред две години во Сент Мориц освои злато во екипна конкуренција.