Пановски: Смртноста од „Фајзер“ е поголема од смртноста од „АстраЗенека“
Mикробиологот проф. д-р Никола Пановски смета дека проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас, пренeсува Слободен печат.
Според него сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит.
–Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет – единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на „Фајзер“ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? Смртноста од „Фајзер“ е поголема од смртноста од „АстраЗенека“. Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100 000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100 000, вели микробиологот Пановски.
И нему му е чудно ограничувањето со вакцината на „АстраЗенека“ да се вакцинираат само лица над 60 години кое веќе се применува на вакциналните пунктови откако синоќа министерот за здравство Венко Филипче рече дека одлучиле да им веруваат на искуствата на Германија и Канада кои ја сопреа вакцинацијата на помлади лица со оваа вакцина.
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа