Македонија
27. October 2021 - 15:01

Пановски: Релаксирањето на мерките ќе предизвика раст на бројот на нови случаи со Ковид-19

Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека релаксирањето на мерките ќе предизвика раст на бројот на нови случаи со Ковид-19.

- Кај нас кафаните и кафичите и во вториот и во третиот бран беа местата каде народот природно се имунизираше. Меѓутоа, многумина од тие природно имунизирани не се меѓу нас или имаат теши последици. Според мене, мерките треба да се прават за да се спречи ширење. Треба да се вратиме на повторна кампања и за вакцина и за заштита. Луѓето заборавија да носат маски и навистина ова со рестораните и со свадбите во затворен простор, кафулиња... Очекувам да има покачување до 1.000 случаи, се надевам не повеќе, рече Пановски во изјава за Телма.