Loading Video...
Фудбал
22. April 2018 - 19:38

Пановски донесе радост во Кратово

Во добар меч Силекс  единствениот погодок го постигна во финишот од првиот дел по извонредната акција на Пановски.
Во второто полувреме  доминација и шанси за домашната екипа да забележи и поубедлива победа. Шансите се редеа како на филмска лента, Пановски, Ѓорѓевиќ, Гуцев и Тимовски не реализираа од 100 постотни позиции а судијата Темелков пропушти да досуди и пенал за Силекс откако еден од гостинските играчи играше со рака. Со овој триумф  Силекс е на 4 бода со Вардар кој е на втората позиција на табелата.