Бизнис
25. April 2017 - 13:13

Панов: Земјоделците ќе бидат обесштетени за измрзнатите насади

Владата на Република Македонија застана зад сите граѓани на Тиквешијата претежно лозари, кои минатиот викенд  доживеаја елементарна непогода, при што земјоделските култури им измрзнаа и до сто проценти. Ова денеска на прес-конференција го изјави кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, кој најави обесштетување за сите кои претрпеа штети.

- Деновиве имаме неколку комисии во мешовит состав кои ќе ја утврдат штетата. Потоа ќе следи одредување на процентот на штети и висината на надоместот кој треба да го добијат засегнатите, соопшти градоначалникот.

Тој информираше околу документацијата која треба да ја обезбедат земјоделците, за да можат да добијат обесштетување.