Свет
26. December 2016 - 11:54

Паника во Москва: Над 3.000 патници евакуирани од метрото поради закани со бомби

Итно се евакуирани патниците од повеќе метро станици поради вознемирувачко предупредување.

Станува збор за станиците Казанњски, Ленинградски и Јарославски, дознава РИА Новости во службите за итно реагирање.

-Евакуацијата на повеќе илјади луѓе е предизвикана од телефонско предупредување дека во станиците Казањски и ленинградски се поставени бомби. Уште 750 патници се евакуирани од станицата Јарославски. Чекаме да дојдат кучињата обучени за откривање на бомби, рече извор од полицијата.

Овие три станици се близу една да друга и спаѓаат во најфрекфентните во Москва.