Паника во Минхен: Едно лице влегло в црква и извикувало „Алаху акбар“
Непознат маж денеска влезе во католичката црква Свети Павле во Минхен и извикувал „Такбир“ (Алаху акбар), по што завладеала паника меѓу верниците.
Луѓето почнале да бегаат од црквата бидејќи мислеле дека станува збор за терористички напад, при што полесно се повредени 24 лица, соопшти германската полиција.
Во моментот во црквата се наоѓале повеќе Хрвати кои успеале да го совладаат мажот и да го спречат неговото приближување до олтарот. Веднаш била повикана полиција, која го уапсила непознатото лице.
Според изјави на очевидци, станува збор за Африканец кој слободно влегол во црквата меѓу верниците и почнал да вика „Такбир“ (Алаху акбар).
Некои од верниците тврделе и дека мажот фрлил нешто слично на петарда, но тоа засега не е потврдено.
Локалните медиуми објавија дека паниката во црквата ја предизвикало лице со психичко нарушување.
– Почнал да гестикулира и да извикува нерзабирливи зборови, преплашувајќи ги посетителите на црквата, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар