Свет
6. October 2019 - 9:30

Паника во Германија: Пијан маж шетал низ улиците вооружен со самурајски меч и пиштол

Германската полиција уапси маж кој предизвика паника во пешачката зона во Гринштат, на југозападот од земјата, каде се појави со самурајски меч и со стартен пиштол.

После неколку повици од загрижените минувачи, полицијата која дошла во пешачката зона слушнала пукање и го забележала мажот во видно алкохолизирана состојба.

Тој 50-годишен маж бил толку пијан што со оставил својот меч и пиштол и се предал дури кога полицијата испукала предупредувачки куршум.

Деталите не се познати, а полицијата неведува дека нема индиции дека инцидентот бил политички мотивиран.