Свет
22. October 2018 - 12:52

Паника во Франција: Се повеќе бебиња се раѓаат без раце и никој не ја знае причината, покрената итна истрага

Француската влада одлучи да отвори нова истрага за децата родени без раце во неколу региони, соопшти денеска француската министерка за здравство Агнес Бузин и додаде дека е недозволиво таквите случаи да останат нерасветлени.

„Одлучивме повторно да покренеме истрага во која ќе учестуваат лекари и експерти за животна средина“, рече министерката.
 

„Не можеме да се задоволиме со фактот дека не ги пронајдовме причините, тоа е неподносливо“, рече Бузин. Во Ена се родени седум деца без раце од 2009 до 2014 година, а во Атранска Лоара три во 2007 и 2008 година, додека во покраината Бретања четири деца од 2011 до 2013 година.

Тие случаи се забележани во релативно мал простор и предизвикаа загриженост во тоа подрачје. Првата истрага ја спроведе санитарната агенција Јавно здравје на Франција.

Заклучено е на почетокот на октомври дека таквите случаи во Ена статистички се во националните граници. меѓутоа, за аномалиите во другите два региони немаат објаснување.

Министерката рече дека годишно во Франција се раѓаат „меѓу 80 и 100 новороденчиња со малформации на екстремитети“.

Причините може да бидат генетски или пак изложеност на отровни супстанции ( исхрана, околината или лекови како талидомиди, седативи и аналгетици кои им се препишувале на трудниците меѓу 1957м и 1962 година поради што се раѓале илјадници деца без раце).