Свет
3. January 2019 - 11:23

Паника на популарниот остров: Туристите бегаат пред налетот на страшната бура, бранови до 7 метри

Десетина илјади туристи се евакуирани од одморалиште на тајландските острови Кох Панган и Кох Таи пред тропската бура Пабук.

Од островот пред бурата дошло до масовен егзодус зошто се очекува бурата да донесе многу дожд, силни ветрови и бранови високи до 7 метри.

Популарно место за празници

Островите кои се популарна дестинација во текот на празниците, се испразни уште во средата. Туристите со траекти се префрлени на копното на Тајланд, а по нивната евакуација забрането е пливање и пловидба на бродови.

Пабук е првата тропска бура на Тајланд надвор од сезоната на монсуните во последните 30 години. Се очекува островите да ги погоди во петок вечер и потоа ќе ја продолжи патеката кон копното.

Официјално евакуирање не е наредено, но туристите секако заминуваат.

Властите на островот порачаа дека подготвуваат засолништа за оние туристи кои одлучиле да останат.