Свет
20. November 2018 - 21:55

Паника на летот Виена - Франкфурт: Пилотската кабина се наполни со чад, посадата заврши во болница

Авион на „Австриан Ерлајнс“ со 161 патник кој летал од Виена за франфуркт морал поради проблем да се врати на виенскиот аеродром.

Во авионот веднаш по полетувањето се појавил чад во пилотската кабина поради што посадата одлучила да се врати на аеродромот.

Посадата на „Ербас A3212" кој полетал од Виена за Франкфурт почувствувала силен мирис и забележала чад, поради што морале да употребат маски со кислород.

Авионот без проблем се вратил и слетал на виенскиот аеродром, наведе компанијата и додаде дека безбедноста на летот во ниту еден момент не била доведена во прашање.

Посадата од претпазливост е однесена во болница, каде се прегледани и извршена им е рутинска контрола. Утврдено е дека инцидентот бил рпедизвикан од производи кои се користат за чистење на реактори, наведе авиокомпанијата во соопштението.