Македонија
30. May 2018 - 8:44

Панел: Поефикасно комуницирање со граѓаните преку дигиталните медиуми

Панел дискусија на тема „Поефикасно комуницирање со граѓаните преку дигиталните медиуми“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за комуникациски студии. 

Учесниците ќе дискутира за тоа дали и колку е присутно рекламирањето на граѓанските организации на социјалните медиуми, придобивките од социјалниот маркетинг и етичките дилеми, како и можностите кои ги нудат новите медиуми во насока на поттикнување на општествена промена.

Ќе бидат промовирани и новата веб платформа со онлајн ресурси http://digitakt.mk/, како и публикацијата „Како поефикасно да комуницираме со граѓаните преку дигиталните медиуми: Прирачник за граѓански организации“.

Панел дискусијата се организира во рамки на проектот ДигитАКТ: Комуницирање за промени поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас.