Македонија
10. May 2018 - 8:42

Панел-дискусија за унапредување на антикорупциското законодавство

Панел дискусија на тема „Модели на антикорупциски тела“ организираат денеска Државната комисија за спречување на корупцијата и Министерството за правда со поддршка на ИПА проектот „Јакнење на националните капацитети за борба против корупцијата и организиран криминал“.

Дискусијата е во насока на унапредување на антикорупциското законодавство, со цел јакнење на превенцијата и борбата против корупцијата и судирот на интереси, како и зајакнување на интегритетот на институциите со истовремено исполнување на препораките на ГРЕКО и насоките од УНКАК.

Покрај високи претставници од законодавната и извршната власт, најавено е присуство и на претставници од Литванија, Словенија и Црна Гора кои ќе дадат осврт на нивните анти-корупциски тела и предизвиците со кои се соочуваат во функционирањето.