Панел-дискусија во Охрид за евроинтегративните процеси и развојните перспективи на градот и Југозападниот плански регион
Во организација на Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК) денеска во Охрид се одржува панел дискусија чија цел е приближување на претпристапните преговори за членство во Европската унија кон граѓаните.
Со оглед што Македонија е во финална фаза од подготовките за отпочнување на претпристапните преговори, намерата е преку разговор граѓаните на Општина Охрид и Југозападниот плански регион да се запознаат со резултатите од истражувањата спроведени од ЕММК. Предвидено е дискусијата особено да насочи кон туризмот и културното наследство на регионот, поточно идентификување на развојните фактори и тој значаен сегмент од Поглавјето 26 на претпристапните преговори.
Организаторот најави дека посебна цел на дискусијата ќе биде и афирмацијата на европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти, граѓанските здруженија и другите релевантни чинители во развојните процеси.
Панел дискусијата е дел од активностите на проектот „Граѓанските организации во служба на демократијата“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно