Македонија
18. November 2019 - 8:44

Панел – дискусија „Ја избирам Европа: Што по октомври 2019?“

Во организација на Здружението Млади европски федералисти – Северна Македонија – ЏЕФ Македонија, денеска во канцеларијата на претседателот – Млади Хаб во Скопје, ќе се одржи панел – дискусија насловена „Ја избирам Европа: Што по октомври 2019? Предизвици за европскиот пат на Република Северна Македонија“.

Дебатата се организира во рамките на кампањата „Ја Избирам Европа“ со поддршка на Еразмус+ Програмата на Европската Унија. Воведно обраќање ќе има Самет Шабани од ЏЕФ Македонија, а ќе говорат претседателот на Националниот совет за евроинтегрции Никола Попоски, амбасадорите на Франција и на Италија Кристиан Тимоние и Карло Ромео, Зоран Попов државен секретар во МНР и Ардита Абази Имери програмски директор на Институтот за европски политики.