Фудбал
10. July 2019 - 16:13

„Пандевци“ подготвени за дебито на европската сцена

Само дебитантот на европската сцена, екипата на Академија Пандев ќе ја има улогата на домаќин во првиот меч од првото квалификациско коло во Лига Европа. 
 
За разлика од Македонија ЃП и Шкупи кои ќе гостуваат во Ерменија, кај екипите на Алкаштер односно Пјуник, екипата на Академија Пандев како домаќин во Скопје го пречекува босанскиот претставник Зрињски од Мостар. 
 
Пандевци попладнево ќе го одработат и единствениот тренинг на арената „Тодор Проевски“ каде утре ќе се игра мечот 
 
Струмичани се мотивирани, но и претпазливи во пресрет на овој меч, во кој тренерот Тренчовски фаворитската улога ја препушта на противникот, но верува дека неговите фудбалери ќе одиграат храбро и мотивирано.  
 
Утрешниот дуел меѓу Академија Пандев и Зрињски ќе започне од 19 часот, А претходно од 15:30 часот Шкупи ќе игра со Пјуник, а од 17 часот својот меч ќе го започнат Алкаштер и Македонија ЃП.