Пандев: Жал ми е што не освоивме барем бод, но оваа генерација ќе има можности да ги израдува навивачите
Досегашниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изрази жалење што не се освои барем еден бод на ЕВРО 2020, но е уверен дека неговите досегашни соиграчи од националниот тим и во иднина ќе ги радуваат навивачите.
– Сигурно, жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску, но и многу далеку. Знаеме дека овие се натпревари тешки за играње, многу искуство, ние сме прв пат на Европско првенство, многу емоции, луѓето едноставно сите во Македонија живееја со нас, сакавме да ги израдуваме. Жал ми е, но се надевам дека оваа генерација ќе има уште многу можности да ги израдува македонските навивачи, рече Пандев по пристигнувањето на аеродромот во Скопје.
На прашањето околу селекторското место 37-годишниот Пандев одговори:
„Па не знам, тоа треба да одлучат луѓето дали Ангеловски ќе продолжи или нема да продолжи да биде селектор. Видовме и вчера по некои портали, уште не беше натпреварот завршен па излегоа со информации дека има нов селектор па нека е со среќа на новиот селектор и на целата генерација. Се надеваме дека ќе нè однесат на Светско првенство. Јас не одлучувам за тоа. За тоа си има структури и одговорни. Јас мислам по мене дека требаше селекторот да го заврши овој циклус до Светско првенство, но знаеме кај нас како функционираат работите и сега прво да се одмориме, да бидеме малку со фамилиите па после ќе видиме“.
За неговата иднина поврзана со фудбалот не сакаше да се произнесе, туку остава малку време до донесување на конечната одлука.
– Планот ми е сега да се одморам малку со фамилијата, па после ќе размислувам како понатаму. За моите идни планови не знам, немам некоја желба да бидам тренер. Ќе видиме, можеби некој спортски директор или ќе почнам да работам со моите менаџери во Италија.
Пандев репрезентативната кариера ја заврши со 122 натпревара и 38 постигнати голови.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација