Loading Video...
Фудбал
8. March 2020 - 17:05

Пандев стрелец на гол за Џенова во победата над Милан

 
 
 
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев постигна гол во победата на својата екипа Џенова на гостувањето кај Милан во меч од 26.коло на италијанската Серија А. 
 
На дуелот кој поради проблемите со Корона вирусот се играше без публика на стадион „Сан Сиро“, екипата на Џенова го победи Милан со 2-1. 
 
Пандев беше стрелец на првиот гол постигнат во седмата минута од мечот, што за македонскиот капитен е шести сезонава во Серија А.
 
Во финишот на првото полувреме односно 41.минута Џенова ја одвои предноста откако во листата на стрелци се запиша и Франциско Касата.  Поразот го ублажи Ибрахимовиќ со голот во 77.минута.
 
Со оваа победа и новите три бодови Џенова сега е на 16.место или две погоре од зоната за испаѓање.