Loading Video...
Фудбал
6. February 2018 - 15:22

Пандев стрелец на гол за Џенова во победата над Лацио

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев беше стрелец на првиот гол за својата екипа Џенова во победата на гостински терен кај Лацио со 2-1. 
 
На дуелот одигран на Олимпико во Рим, а со кој беше комплетирано 23.коло во Серија А, Пандев во 55.минута им донесе предност на гостите. За Пандев ова беше само втор гол сезонава во Серија А. 
 
Четири минути, Пароло го израмни, а победата на Џенова им ја донесе Лаксалт во 92. минута
 
Со овој пораз Лацио остана на трето пласиран со 46 бодови, само еден повеќе од Интер односно два од Рома во трката за место кое носи пласман во Лигата на шампиони.