Фудбал
27. јуни 2017 - 14:05

Пандев: Сите ме бараат, нема понуда само од А.Пандев

Горан Пандев по завршувањето на сезоната не е повеќе член на Џенова и во моментов популарниот Гоче е во преговори за продолжување на кариерата.  Капитенот на националниот тим се пошегува дека сите го бараат но единствено нема понуда од неговиот клуб:

„Мојата желба е кариерата да ја завршам во Италија. Имам понуди од Кина, Јапонија, Турција, Полска... но, долго сум во Италија и таму сакам да ставам крај на фудбалскиот пат“, изјави Пандев.