-->
-->
Пандев и Џенова елиминирани од купот
-->

Џенова на Горан Пандев и на тренерот Андриј Шевченко беше на 15 минути од сензационална победа над неговиот поранешен клуб Милан на „Сан Сиро“ во осминафиналето на Купот на Италија, пред „росонерите“ да израмнат до крајот на регуларните 90 минути, за во продолжение да стигнат до 3:1 победа за во четврт-финалето да се судрат со подобриот од мечот Лацио-Удинезе.
Норвежанецот Лео Естигард ги замолче навивачите на Милан во 17. минута од мечот, по што тие ја оддржуваа оваа предност до 74. минута, кога Тео Ернандез му асистираше на Оливие Жиру за израмнување и приморување на продолженија.
Горан Пандев влезе во игра пред да почнат двете продолженија, но Милан успеаја да направат пресврт – прво Рафаел Леао ги донесе во водство во 102. минута по лошата грешка на одбраната и голманот на Грифоне, пред Аксел Салемакерс да го стави точка на мечот во 112. минута од мечот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во неколку училишта во Белград дојави за поставени бомби
-
Педесет и девет отсто од Швајцарците гласаа „за“ автоматско донирање органи
-
Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари
-
Ципрас реизбран за лидер на СИРИЗА
-
ВМРО-ДПМНЕ: Двоцифрена инфлација првпат во последните 30 години
-
Министерката Петровска ќе презентира план за повисоки еколошки стандарди во одбраната
-
Владината коалиција против предвремени избори, опозицијата најавува „нови чекори“
-
Полицијата казни 175 возачи на територијата на градот Скопје, дури 65 од нив за брзо возење