Loading Video...
Фудбал
9. February 2020 - 17:24

Пандев и донесе победа на Џенова

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев и донесе победа на својата екипа Џенова во дуелот против Каљари, а во рамките од 23.коло на Серија А. 
 
Иако мечот го започна од клупата, а во игра влезе 39.минута, Пандев само четири минути го постигна победничкиот гол за Џенова за триумф од 1:0.
 
За македонскиот репрезентативец ова беше петти гол сезонава во Серија А.