Фудбал
20. February 2017 - 12:14

Пандев доби нов тренер во Џенова

Горан Јуриќ, по дебаклот во Пескара, повеќе не е тренер на Џенова. По натпреварот група од околу 300 навивачи го нападнаа клупскиот автобус со јајца, а играчите и стручниот штаб вербално.

Џенова, чии дрес го носи Горан Пандев кој во катастрофата во Пескара одигра 60-тина минути, експресно доби нов тренер, откако раководството му врачи отказ на Хрваттот Горан Јуриќ.

Нов тренер на Џенова е Андреа Мандролини кој договорил 18-месечна соработка, до јуни 2018 година.

Мандорлини (56) е порнешен дефанзивец на Торино, Аталанта, Интер и Удинезе, последното работно место му било во Верона во 2015 година. Во кариерата предводел неколку италијански второлигаши, а во странство работел во романски Клуж.

Џенова се наоѓа во катастрофална серија на резултати, на последните девет натпревари тимот за кој игра Пандев има освоено само два бода.